Блог
Изменување и дополнување на ЗДДВ-Сл в на РМ број  12/22 јануари 2014 НОВИНА – пренесување на даночна обврска кон примателот на добата и услугите Од 1 февруари 2014 година, согласно (нов) член 32-а точка (1), даночен должник е ДДВ обврзникот  кон кого од страна на друг ДДВ обврзник, се извршени следните промети на добра и услуги: градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите, и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно законот со кој се уредува градењето; прочитај повеќе
Најново од КАУНТ
07.02.2014 Почитувани, Ве известуваме дека има доволен број на пријавени учесници  за организираната работилницата  на тема Должности на стечајниот управник и истата ќе се одржи на ден 08 февруари 2014 година (сабота) во Хотел Карпош во Скопје со почеток од 10,30 часот, што значи дека  сите други информации се шпекулации прочитај повеќе
Сведоштва
“Соработката со Каунт претставува доверба и професионализам, добро е да знаете дека се дел од Вашиот тим, бидејќи делува смирувачки и што е најважно имате сигурност„ прочитај повеќе

Блог

Адвокатски дилеми -29.08.2012

1)      Адвокатско друштво

Согласно Законот за адвокатура, двајца или повеќе адвокати можат да  се здружат и основаат адвокатско друштво, кое врши адвокатска дејност како адвокат поединец. Адвокатското друштво се основа со одлука за основање без обврска за основен (паричен или непаричен) влог, во кое можат да пристапат и други адвокати како основачи.  Адвокатското друштво се запишува во Именик на адвокатски друштва којшто се води во Адвокатската комора на РМ со што се стекнува со статус на правно лице.

Централниот регистар на РМ врши упис во трговскиот регистар на адвокатските друштва   и тоа како останати комори и деловни здруженија (организационен облик), со ЕДБ  за правни субјекти (согласно ЗТД), а адвокатското друштво својата дејност ја обавува како адвокат поединец  (согласно Законот за адвокатура). Адвокатските друштва регистрирани на ваков начин се доведуваат во  дилема по кој закон треба да ги  водат деловните книги.

Управата за јавни приходи -  Скопје одговори  дека деловните книги се водат согласно  доделениот ЕДБ за правни субјекти, односно согласно ЗТД,   не земјаќи предвид дека овие друштва немаат основен влог  како правни субјекти, односно се здружени адвокати кои основале друштво, додека ЦР на РМ до денес не одговори на поставеното прашање.  

Дали  овие дилеми ќе се решат и на кој начин, останува да видиме.


Адвокатска маркичка

Во Службен Весник на РМ 84/2012 год. е објавен Закон за адвокатска маркичка со примена од 01.01.2013 година со кој се уредува воведување и користење на адвокатски маркички од страна на адвокатите поединци. Односно, со денот на започнување на примената на овој закон, за адвокатите поединици запишани во Именикот на адвокатите што се води во Адвокатската комора на РМ престанува обврската од член 2 од Законот за регистрирање на готовинските плаќање, за воведување и користење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително издавање на фискална сметка за дадената правна помош, а адвокатската маркичка е инструмент за аконтативно плаќање на персоналениот данок на доход за оние приходи кои адвокатите поединци ги остваруваат во готово.

Читајќи го законот произлегува дека само адвокатите поединци со адвокатските маркици аконтативно ќе плаќаат персонален данок на доход од приходите кои ги остваруваат во готово, додека адвокатските друштва бидејќи се со статус на правни лица не се измени од член 2 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања и се обврзани за воведување и користење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќање и задолжително издавање на фискална сметка за дадената правна помош. 

Исто така со овој закон, адвокатот поединец е должен да состави писмен договор со корисникот на правната помош (физичкото лице) врз основа на кој плаќањето е задолжително да се врши преку носител на платен промет, односно исклучиво на трансакциска сметка од физичкото лице на адвокатот.

Значи со воведување и примена на адвокатска маркичка, адвокатите своите услуги неможат да ги наплатуваат во готово (на рака)

Коментар


постави коментар
 
Коментарот треба да се одобри пред да се прикаже