Блог
Со воведување на новиот член 32-а во ЗДДВ (“Службен весник на РМ“ број 12/2014) од самиот почеток на примената (01 прочитај повеќе
Најново од КАУНТ
07.02.2014 Почитувани, Ве известуваме дека има доволен број на пријавени учесници  за организираната работилницата  на тема Должности на стечајниот управник и истата ќе се одржи на ден 08 февруари 2014 година (сабота) во Хотел Карпош во Скопје со почеток од 10,30 часот, што значи дека  сите други информации се шпекулации прочитај повеќе
Сведоштва
“Соработката со Каунт претставува доверба и професионализам, добро е да знаете дека се дел од Вашиот тим, бидејќи делува смирувачки и што е најважно имате сигурност„ прочитај повеќе

Блог

Пресметка на плата и додатоци на плата -06.12.2012

Секој работодавач е должен пресметката на плата и додатоците на плата да ги исплатува согласно донесените акти (Правилник за работни односи, Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места и Договори за вработување), меѓутоа во пракса  многу работодавачи немаат соодветни акти за пресметка на плата и додатоци на плата, а на  вработените  договорените “плати“ ги пресметува и исплатува спровитно на законски прописи кои ја регулираат оваа област.

Имено, доста честа пракса кај  работодавачите е тоа што дел од платата  и додатоците на плата на вработените  да им ги исплатуваат  со Договор за дело и Авторски договор со пресметан персоналн данок на доход, со цел  да го избегнат  плаќањето на придонеси или на “црно“ (пари на рака), што е спротивно за законските прописи, бидејќи вработениот извршува работи и работни задачи прецизирани во акти на работодавачот  за што треба да  прими  плата и додатоци на плата.

Работодавачот може со вработен да  склучи Авторски договор во исклучителни ситуации  и кога тоа е прецизирано во Договорот за вработување, согласно актите и дејноста на работодавачот, под услов вработениот стварно да е автор на дело и нормално тоа физички да посоти како доказ.

Според тоа, а согласно последните измени во Законот за работни односи – ЗРО (Службен весник на РМ, бр. 62/05.... и 52/12), секој работодавач е должен пресметката на плата и додатоците на плата да ги пресметува согласно усвоениот Правилник за работни односи и Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места и Договорите за вработување, во спротивно ќе се соочат со огромни парични казни, утврдените разлики ќе ги исплатат  (плата, данок и придонеси) со камата, а во одредени случаи може да се поведе прекршочна и/или кривична постапка за злоупотреба на службената положба и овластување и затајување на данок, бидејќи работодавачот за себе овозможил корист, а го оштетил вработениот.   

Поради тоа, ќе објасниме од што се состои платата и додатоците на плата и со кои акти се регулира нивната пресметка.

Структура на плата

Правото на заработувачка – плата на работникот и нејзината структура се пропишани со одредбите на членовите 105 и 106 на Законот за работни односи – ЗРО (Службен весник на РМ, бр. 62/05.... и 52/12).  Работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, а плаќањето на работата  секогаш е во парична форма со уплата на трансакциска сметка на вработениот.

Плата, ако со друг закон не е поинаку определено, е составена од следните елементи:

-          Основна плата (фиксен загарантиран дел),

-          Дел од плата за работна успешност (награда, како стимулативен, веријабилен дел) и

-          Додатоци (пропишани за посебни услови при работа).

Основна плата

Основната плата, како фиксен загарантиран дел, се определува земајќи ги предвид барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на работното место), за кое работникот го склучил договор за вработување.

Основната плата, според работното место, се утврдува така што износот на најниската плата се множи со коефициентот на степенот на сложеност на одделна група на работи на која припаѓа работното место на кое работникот работи согласно договорот за вработување.

Најниска плата за најнизок степен на сложеност се утврдува со закон и со колективните договори на гранка односно оддел.

Минималната (најниска) плата на државно ниво е утврдена со Закон за минимална плата во РМ (Службен весник на РМ, бр. 11/12), кој се применува со исплатата на јануарската плата за 2012 година, но не важи за самовработените лица.  Минималната плата е најнискиот месечен износ на основа плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работата извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок. 

Со донесување на Законот за минимална плата се актуелизираа коефициентите за сложеност на работите/работните места утврдени во Општиот колективен договор за приватен сектор и важечките грански колективни договори. 

Минималната плата за 2012 година изнесува 8.050 денари во нето износ и претставува најнискиот месечен износ на основна плата, кој е резултат на најнискиот коефициент на сложеност 1.00, што значи дека за останатите работни места пропишаната минимална плата се множи со останатите (повисоки) коефициенти на сложеност, со што ќе се добијат повисоки износи на загарантирана основна плата за работниците на тие работни места.

Работите, односно работните места согласно со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (Службен весник на РМ, бр. 88/09..... и 50/12) се групираат во групи на сложеност, како што следува:

Г р у п а

степен на

сложеност

I

Едноставни, повторливи и разновидни работи

1,00

II

Помалку сложени, повторливи и разновидни работи

1,20

III

Сложени, разновидни, повторливи и со повремена
појава на нови работи

1,30

IV

Посложени, разновидни работи за кои е потребна
самостојност и иницијативност

1,50

V

Посложени, разновидни работи за кои е потребна
голема самостојност и иницијативност

1,70

VI

Значајно сложени работи кои бараат самостојност
и иницијативност

1,90

VII

Мошне сложени работи кои бараат голема самостојност,
креативност и иницијативност

2,30

VIII

Мошне сложени работи кои бараат голема самостојност,
креативност и иницијативност и специјализираност

2,70

IX

Најсложени, специјализирани, креативни и самостојни работи

3,00

 

Основната плата согласно коефициентите за сложеност на работните места се утврдуваат со Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места. Секој правен субјект има законска обврска да донесе и усвои ваков Правилник.

Дел од плата за работна успешност

Работникот за покажаната работна успешност може да биде награден од работодавачот со варијабилен дел, кој ја зголемува основната (фиксна) плата. Работната успешност на работникот се определува согласно утврдените критиериуми и мерила во актот на работодавачот, а резултатите од работењето на работникот ги утврдува, односно оценува работникот кој го води и организира процесот на работата или Управителот.

Бидејќи да работната успешност е варијабилен дел од платата, работодавачот ја утврдува, односно оценува за секој работник пооделно или група на работници, секој месец за што донесува Одлука  и ја доставува до оделот за пресметка на плати. Доколку работникот не ги достигнува работните резултати од прични што не зависат од работникот (немање на струја и други енергенси, дефект на машините и немање суровини или други објективни причини утврдени со колективен договор на ниво на работодавач), има право на основната плата.

Критериумите и мерилата за работната успешност на вработените работодавачот ги утврдува во Правилникот за работни односи.  

Додатоци на плата

Додатоците  на плата, кои ја зголемуваат основната (фиксната) плата на работникот, се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за следниве случаи: работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа на ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж.

Исплатата на додатоци на плата се пресметуваат така што, основната плата на работникот се зголемува по час, согласно Општиот колективен договор за приватениот сектор од областа на стопанство  - ОКДПС. Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат, што значи доколку истовремено настанат повеќе посебни услови на работа, основната плата се зголемува по сите тие основи.

Пример:

1)    за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на плата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%, односно работникот за работа на државен празник ќе му бидат исплатени 2,5 дневници

2)    за дополнително ангажирање (прекувремена работа) на работникот за поминатите часови на прекувремена работа ќе му се исплатат по 135%  

3)    Во случај, при дополнително ангажирање (прекувремена работа) на работници на ден на празник што паѓа на ден на неделен одмор, плата се зголемува по сите три основа и тоа зголемување по час за: прекувремена работа – 135%, работа на ден на празник – 150% и работа на ден на неделен одмор – 150%,

Согласно член 106 од ЗРО, основната плата на работникот задолжително  се зголемува за  0,5% за секоја година работен стаж, а најмногу до 20%.

Полно работно време

Согласно член 116 од ЗРО, полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела по правило трае пет работни дена.

Работодавачот е должен да води евиденција за полното работно време. Работодавач кој има  до 25 вработени евиденција ја води во книга, а над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација е должен да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа.

Врз основа на евиденцијата на работното време (полно работно време, прекувремена работа, работа на ден на неделен одмор и работа во празници определени со закон) се пресметува основната плата и додатоците на плата.  Поради тоа, работодавачот е должен на крајот од месецот да изготви листа за сите вработени со вкупен  број на поминати работни часови, односно пооделно на часовите за полно работно време, прекувремена работа, работа на ден на неделен одмор и работа во празници определени со закон.

Услови за организирање прекувремена работа

Согласно член 117 од ЗРО, работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа) во услови определени со закон или колетивен договор (зголемување на обемот на работата, продолжување на деловниот или производниот процес и др.)

Прекувремена работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно. Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од горенаведената временска рамка, должен е да изврши прераспоредување на работно време или воведување на нови смени.  

На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, работодавачот е должен да му исплати поркај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.  Бонусот не е ослободен од персонален данок на доход и плаќање на придонеси.

Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите за прекувремена работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот.

Работодавачот е должен за секое воведување и извршување на прекувремената работа писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот во рок од три работни дена од воведувањето на прекувремената работа, во спротивно неможе да исплати надомест за прекувремени часови. 

Коментар


постави коментар
 
Коментарот треба да се одобри пред да се прикаже