За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

15.8.2014 09:40:32

Одложување на примената на последните измени на законот за регистрирање на готовинските плаќања од 1 мај 2014


Законот за регистрирање на готовинските плаќања е повторно изменет и дополнет со објава во “Службен весник на РМ“ бр. 188 од 31 декември 2013 година, про што измените влегоа во сила на 8 јануари 2014 год. така што истиот ќе се применува од 1 мај 2014 година.

Одложени рокови за воведување на интегрираниот автоматски систем за управување се на следниот начин:

1) Од 1 мај 2014 до 31 јули 2014 година даночните обврзници кои:
- прометот на претходната година го надминува 10.000.000 денари,
- вршат угостителска дејност и
- вршат промет на нафетни деривати на мало (бензиски пумпи)

2) Oд 1 мај до 31 октомври 2014 година сите други даночни обврзници

Обврска за чување крипто карта која е составен дел на крипто модулот

Со новата промена на Законот (188/13) се менува членот 3-а ставот 5, кој беше новододаден со претпоследните промени во Законот (79/13) што сега се одложуваат од 1 мај 2014 година, во насока на прецизирање, така што регулира дека даночниот обврзник е должен да ја замени крипто картата која е составен дел на крипто модулот еднаш годинашно и заменетата крипто карта да ја чува најмалку пет години во објектот.

Купувачот без обврска да плати доколку не добие фискална сметка

Со промената на Законот се пропишува нов член 4-а, со кој се регулира дека ако даночниот обврзник на купувачот на доброто, односно корисникот на услугата во моментот на предавањето на доброто, односно на извршувањето на услугата не му издаде фискална сметка, купувачот нема обврска да ја плати цената на доброто, односно цената на услугата, во сила од 8 јаунари 2014 година.

Глоба за купувачот ако не побара/чува фискална сметка

Преку пропишување на нов член 21-в во законот, се враќа претходно пропишаната глоба во износ од 20 евра (претходно во износ од 100 евра) во денарска противвредност, која ќе му се изрече на физичко лице – купувач доколку не побара фискална сметка или фискалната сметка не ја чува до 15 метри од напуштањето на местото на прометот на доброто, односно на услугата, со сила од 8 јануари 2014 година.