За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

09.12.2015 08:17:08

Физички лица без регистрирана дејност можат во сопственост да градат станбени згради за индивидуално домување со бруто површина до 300 м2


Согласно Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност (“Службен весник на РМ“ бр. 199/30.12.2014, 147/27.08.2015), се забранува вршење на дејност од страна на физичко лице која не е регистрирана кај надлежен орган, а нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност како „работа за сопствени потреби“

Како „работа за сопствени потреби“ на физичко лице ќе се смета и градба наменета за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 во сопственост на физичкото лице.

Оттука произлегува дека физичките лица кои градат станбени или станбено деловни објекти во нивна сопственост со бруто површина над 300 м2 треба да регистрираат фирма.

Сопственоста на објектот кој се гради и вкупната бруто површина лесно се утврдува врз основа на доставени документи за добивање на одобрение за градба до надлежни институции.

Со овој закон исто така се уредува прашањето во врска со тоа  кој се смета за соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност, односно за соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност ќе се смета:

  -правно или физичкото лице кое овозможува вршење на нерегистрирана дејност,

  -физичко или правно лице кое нарачува или посредува во вршење на     нерегистрирана дејност, ако физичкото или правното лице знаело или можело да знае дека станува збор за вршење на нерегистрирана дејност.

Како соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност, најчесто се јавуваат правни и/или физички лица кои склучиле договор за соинвеститорство при градење на станбени или станбено деловни објекти.

При спроведување на инспекцискиот надзор, надлежниот инспектор на лице место констатира дека правното или физичкото лице врши нерегистрирана дејност, составува записник за утврдената фактичка состојба и донесува решение за забрана на вршење на нерегистрирана дејност до денот на регистрацијата кај надлежниот државен орган, во кое се утврдува рокот за регистрација кој не може да биде подолг од 30 дена.  УЈП во вршење на работите од својата надлежност во даночна постaпка кај нерегистрирани даночни обврзници е должна за истото да достави известување до органите на државната управа надлежни за работите на инспекциски надзор.

Против решението може да се изјави  жалба во рок од 8 дена од приемот на решението, но жалбата на го одложува извршувањето на решението.

Овој закон предвидува глоба – парична казна за физичките лица кои вршат нерегистрирана дејност и за соучесникот во вршењето на нерегистрираната дејност.