17.10.2014 14:21:37
Сметководствена поддршка
Сметководствена подршка е наменета за мали и средни субјекти со поголем обем на работа и имаат вработен сметководител или овластен сметководител кој извршува сметководствени работи и сакаат да обезбедат сигурност и квалитет од професионален овластен сметководител и даночен советник.
Клиентите добиваат професионална
сметководствена поддршка секојдневно
![]()

Нашите стандардизирани процеси се насочени да ги упатат вашите вработени во вештините на исправна примена на законските прописи, навремено Ве запознаваат со најновите измени и промени во законската регулатива, вршат контрола и укажуваат на законската исправност на целокупната финансиска документација (договори, фактури, материјало работење на големо и мало, производство, споредните евиденции, благајничко работење и сл.) и ажурно и исправно евидентирање на сите настанати деловни трансакции во пропишаните рокови, согласно законите од даночната регулатива, сметководство и Меѓународните сметководствени стандарди кои се применуваат во РМ и учество во изготвување на финансиски и даночните извештаи.
За да можете целосно да ја добиете нашата сметководствена поддршка, првенствено е потребно да се превземат два основни чекора, и тоа:
1. да се изврши анализа на донесените сметководствени политики и процедури и во колку се покаже потреба да се промени или воведе нова политика или процедура, или доколку немате сметководствени политики и процедури да се изготват, и
2. да се направи интерна ревизија во деловни книги за да се утврди дали се применуваат сметководствените политики и процедури, и доколку се констатира дека не соодветно или воопшто не се применуваат се изготвува упаство за усогласување на фактичката евиденција со политиките и процедурите.
По завршување на основните чекори се изготвува сметководствен процес, упатување на вашите вработени во вештините на исправната примена на законските прописи и исправно евидентирање на сите настанати деловни трансакции во пропишаните рокови согласно законската регулатива.
Во работата мора да постои некој кој ќе ги постави целите,
а потоа ќе ги упати и другите да се движат кон нив.
