За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

23.6.2015 14:15:23

ЗАКОН ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИ ИЛИ ДРУГ ДОГОВОР

Со измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 29.07.2014 год. (Службен весник на РМ бр. 113/14), се воведе обврска за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и на приходи остварени по основ на склучени договори за дело, авторски и други договори.

Со најновите измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (ЗПЗСО) објавени во Службен весник на РМ бр. 48/2015 год. се врши прецизирање и на одредбите кои се однесуваат на:

Дефинирање на поимот – друг договор

Со дополнување на членот 4 со нова точка 18 се дефинира дека “Друг договор“ претставува секој вид на договор или друг акт без оглед на нивната форма и вид, со кој се определува надоместок за извршување на физичка и/или интелектуална работа, вклучувајќи и извршување на функција на именувано или избрано лице, управител или членување во орган на управување и надзор во трговски друштва, орган на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и слично), учество и членување во други органи, одбори, совети, комисии, комитети, установи, тела и слично“.

Тоа значи дека почнуваќи од месец март 2015 година сите извршни членови на одбори на директори, членови на управни одбори и управители, на надоместоците кои ќе ги добиваат од друштвото каде се именувани ќе се плаќаат придонеси на ист начин ако и за останатите обврзници на договори за дело, авторски договори, односно други договори.

Исто така, со измените се врши прецизирање и на одредбите кои се однесуваат на утврдување на обврзниците за плаќање придонеси кои остваруваат и приходи по основ на договор за дело, авторски или друг договор.

Физичките лица покрај примања од работен однос, самовработување или пензија на месечно ниво кои остваруваат приходи од извршување на физичка или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело или авторски договори или други договори се обврзници за плаќање на придонеси доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на просечната нето напла по работник во РМ објавена во јануари во тековната година. За 2015 година  изнесува 21.588 денари, објавено во соопштение на ДЗС со број 4.1.15.08 од 28.01.2015 год.

Основицата за пресметка и уплата на придонесите за остварените приходи врз основа на договор за дело, авторски и друг договор

Основица за пресметка и уплата на придонесите за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и задолжително здравстено осигурување за лицата кои придонесите ги плаќаат само за себе, по решение на ПИОМ, се:

Лице кое не е во работен однос, а остварува приход по основ на некој од наведените договори, доколку вкупниот нето износ на приходот по тој основ е повисок од износот на минималната плата, основица за пресметка на придонеси е разликата меѓу вкупниот износ на остварените надоместоци по договор за дело, авторски договор и / или друг договор во текот на месецот, претходно намален за признатите трошоци утврдени за персонален данок на доход за авторски договор и износот на миналната плата (член 7 став 1 точка 15);

Лице кое порај примањата од работен однос, самовработување или пензија остварува приходи врз основа на некој од наведените договори, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на просечната нето плата за претходната година објавена од Државниот завод за стастистика, основица за пресметка на придонеси е разликата меѓу вкупниот износ на осварените надоместоци по договор за дело, авторски договор или друг договор во текот на месецот претходно намален за признатите трошоци утврдени во Законот за персонален данок на доход за авторски договори и износот на просечната нето плата по работник во РМ објавена во јаунари во тековната година (член 7 став 1 точка 13 и член 10 став 1 точка 16).

Олеснување за обврзниците за плаќање на придонесите сами за себе

Обврзниците за плаќање на придонеси сами за себе, невработени физички лица кои остваруваат приходи по основ од наведените договори до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги пријават најдоца до петти во месецот за примените надоместоци во претходниот месец.

Фондот по службена должнот евиденцијата ја доставува до Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.

Правни лица кои вршат исплата, пресметка и плаќаат придонеси

Правното лице – исплатувач кое е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа кое е во работен однос кај него или кај друго правно лице кое има сопственичка, организациска или управувача поврзаност со работодавачот.

Сопственичка, организациска и/или управувачка поврзаност на правното лице исплатувач со работодавачот на физичкото лице на кое му е исплатен надоместок постои доколку едното правно лице е основано од страна на другото правно лице, двете правни лица се основани од ист основач, имаат ист Управилте и сл.

 Највисока основа за пресметка и уплата на придонесите

Согласно член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, од месец Март 2015 година, при пресметка на највисоката месечна основица за тековната година се зема предвид просечната бруто плата во РМ објавена во објавена во јанури во тековната година според податоците на Државен завод за статистика. За 2015 година изнесува 31.644 денари  објавена на 28.01.2015 год. од ДЗС со број 4.1.15.07.

На износот повисок од највисоката месечна основица се пресметува и уплатува само персонален данок на доход.

Највисоката основица се применува одделно на приходите од плата и на приходите од договори за дело, авторски договори и други договори. Тоа значи дека приходите од плата од ваквите договори при пресметка на придонеси не се собираат.  Пример, доколку едно лица има плата  од 400.00 денари и во исто време остварува и надомест врз основа на договор за дело од 500.000 денари, придонеси ќе плаќа до највисоката основица по двата основа.

 Според  тоа, највисока основица до кои се плаќаат придонеси се:

 обврзник

Пропишан износ на највисока основица

Износ на највисока основица во денари

За примањата од работен однос (плата)

12 просечни плати

(12 х 31.644)

 379.728

За примања по основ на договор за дело и авторски договор или друг договор

12 просечни плати

(12 х 31.644)

 379.728

За самовработено лице и тровец поединец (адвокати, извршители, нетоари, ревизори и други)

8 просечни плати

(8 х 31.644)

 253.152

На лице корисник на паричен надоместок за време на привремена невработеност (невработени физички лица)

80% од просечна плата

(80 % х 31.644)

 25.315

Измените на ЗПЗСО ќе се применуваат на пресметката и уплатата на придонесите за месец март 2015 година.

Обврска за поднесување на Месечен извештај (образец МИ-Д/ИН)

Обврска за доставување на Месечен извештај за договорите за дело, авторските договори или други договори со кој е утрден надоместок за извршената работа (образец МК-Д/ИН)  до УЈП се однесува за секое правно лице – исплатувач на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, без оглед на тоа дали правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за исплатените надоместоци по основ на договори.  Месечниот извештај се поднесува за исплатените надоместоци во претходниот месец, платениот ПДД по одбивка, и за износот на платените ППИО и ПЗО кои се попонуваат само доколку правното лице исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите.

Согласно со Законот за персонален данок на доход, како исплатувач на лични примања, авторски и друг вид приходи исплатени преку авторска агенција или посредничко друштво се смета авторската агенција, односно посредничкото друштво, доколку авторските и друг вид приходи се исплатени преку авторска агенција или посредничко друштво кое во тој слчај е должно да ја пресмета аконтацијата на данокот по одбивка и да го уплати задржаниот (персонален) данок.

Значи, обврска за поднесување на Месечениот извештај (образец МИ-Д/ИН) има:

Правното лице – исплатувач кое е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа кое е во работен однос кај него или кај друго правно лице кое има сопственичка, организациска или управувача поврзаност со работодавачот.

Правно лице – исплатувач на надоместокот за лице за кое обврзник за пресметка на придонесите е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, а обврзник за уплатата на придонесите е лицето само за себе, доколку исплатата на надоместокот на лицето и уплатата на персоналениот данок по одбивка ја извршило правно лице – исплатувач на надоместокот.

Авторска агенција или посредничко друштво кое се јавува како исплатувач на лични примања во смисла на член 95 став (1) од Законот за персонален данок, за лице за кое обврзник за пресметка на придонесите е Фондот за пензиско и ивалидско осигурување на Македонија, а обврзник за плата е лицето само за себе, без оглед на статусот на лицето (домашно или странско физичко или правно лице) во чија корист е извршена физичката и/или интелектуалната работа.

Месечниот извешатј МИ-Д/ИН ќе се поднесува најдоцна до 2-ти во месецот за претходниот месец, задолжително по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk.

Новиот извештај МИ-Д/ИН содржински се разликува од претходниот извешатај поради промената на концептот на плаќање на придонеси врз основа на исплатен надомест, а не врз основа на склучен договор.

ЗАКЛУЧОК: